Дени Илиев во тимот на месецот во шампионатот на Финска (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец Дени Илиев има зад себе одличен месе во најсилната лига на Финска.

Илиев се најде во тимот на месецот во финскиот шампионат по одличните настапи во дресот на ХЈК Хелсинки.

Како образложение за одлуката на лигата се наведува дека Илиев беше четирипати на голот на Хелсники изминатиот месец, притоа со примени само два гола. Македонскиот голман дефинитивно е најзаслужниот што Хелсинки во јуни запиша две победи и две ремија, кои го оставија во трката за шампионската титула.

Се вчитува...