Денковски: Сакаме победа над Ерменија на последниот домашен меч во квалификациите

Младата репрезентација на Македонија до 21 година е во Скопје, каде што интензивно се подготвува за предизвикот што ја очекува во рамките на квалификацискиот циклус за пласман ЕП 2023 во Романија и Грузија.

Голманот на штипска Брегалница и еден од нашите најдобри поединци на овој квалификациски циклус, Давид Денковски ги сподели своите очекувања за претстојните мечеви против Ерменија и Украина од групата Х од квалификациите.

„Тренираме и работиме вредно, атмосферата во тимот е добра. Не очекуваат последните два натпревари од овој квалификациски циклус кои ќе ги играме со посебни емоции. Сакаме да ја завршиме нашата приказна како што треба, со победи и да оставиме добар вшечаток за крај. За мене и за повеќето играчи кои се родени 2001 година ова ќе биде последен циклус во  селекцијата до 21. Се надевам дека следните генерации ќе успеа да оставара поголем успех од нас. Првиот меч против Ерменија го играме дома, фокусирани сме целосно на тој натпревар, сакаме да оствариме победа, бидејќи играме пред нашите навивачи и семејства. Последниот меч од квалификациите играме против Украина, се работи за добар и квалитетен национален тим со одлични индивидуалци, но ние сакаме да оствариме добар резултат и на тој меч” – вели Денковски во очекување на дуелот со Ерменија кој Македонија го игра на 2. јуни од 17 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.

Се вчитува...