Денвер и Далас немоќни без Јокиќ и Дончиќ

Никола Јокиќ не беше во составот на Денвер, а актуелните шампиони без својот МВП не успеаја да стигнат до триумф на гостувањето против Оклахома Сити тандер (105-100). Денвер имаше водство од 19-28 по првата четвртина, но домашниот состав експресно се врати и потоа во неизвесна завршница успеа да стигне до победата. Гилџус Александер со 34 поени беше најдобар поединец на натпреварот, одличен во домашниот табор беше и Холмгрен со дабл-дабл од 18 поени и 13 скокови, додека најефикасни кај Денвер беа Гордон, Мареј и Џексон со по 16 поени.

Лука Дончиќ во „цивилка“ гледаше од клупата како неговиот Далас губи на гостувањето против Минесота со преубедливи 121-87. Далас цел меч беше во негатива, но поразот е преубедлив поради катастрофалната последна четвртина на гостите што Минесота ја доби со 38-17. Таунс со 29 и Гобер со 17 поени беа најдобри поединци во победничкиот состав, додека Грин со 18 поени ги предводеше стрелците на Далас на овој дуел.

Адетокумбо постигна 29, а Лилард 26 поени за Милвоки, но и тоа беше недоволно за овој тим да слави на гостувањето против Портланд. Домаќините по голема борба триумфираа со 119-116, благодарение на одличните Симонс со 24 поени и Ејтон со дабл-дабл од 20 поени и 11 скокови.

Донован Мичел имаше меч за паметење откако со 45 поени го предводеше Кливленд до триумф над Детроит (128-121), додека Феникс како гостин го совлада Бруклин со 120-136, најмногу благодарение на одличните Дурант (33 поени и 8 асистенции) и Нуркиќ (28 поени и 11 скокови).

Резултати НБА:

Шарлот – Чикаго 110-117, Кливленд – Детроит 128-121, Вашингтон – ЛА Клиперс 109-125, Мајами – Сакраменто 115-106, Хјустон – Њу Орлеанс 99-110, Минесота – Далас 121-87, Оклахома – Денвер 105-100, Сан Антонио – Орландо 98-108, Бруклин – Феникс 120-136, Портланд – Милвоки 119-116.

Се вчитува...