Денвер може и без Јокиќ, Нагетс подобри од ЛА Клиперс

Денвер Нагетс може и без Никола Јокиќ. Го победија тимот на Лос Анџелес Клиперс на гостински терен со 115-103, и ја задржаа првата позиција на Западот. Србинот го пропушти мечот поради повреда на раката. Но тоа не беше пречка да се совлада Клиперс, респектабилен ривал со Кавај Ленард во составот.

После слабата игра во одбрана во првиот период (примија дури 34 поени), Денвер ја „стегна“ дефанзивата во продолжението, и прими далеку помалку поени, што беше клучно за овој триумф.

Џамал Мари со 24 поени беше најефикасен. Ист број на поени постигна и Ленард.

Во синоќешните натпревари, немаше ниту еден тим со постигнати под 100 поени. Токму Клиперси беа најнеефикасни со 103 постигнати поени.

РЕЗУЛТАТИ:

Детроит – Њу Орлеанс 110:116
Инсијана – Атланта 111:113
Вашингтон – Њујорк108:112
Сан Антонио – Голден Стејт 113:144
Чикаго= – Оклахома 110:124
Минесота  – Феникс 121:116
Јута – Орландо 112:108
ЛА Клиперс – Денвер 103:115
Сакраменто – Хјустон 139:114

Се вчитува...