Денвер на крилјата на Јокиќ го совлада Сан Антонио (ВИДЕО)

Синоќа се одиграа 10 натпревари во НБА лигата. На повеќето од нив триумфираа гостинските тимови, а најизразена беше победата на Хјустон во дуелот со Оклахома. „Рокетси“ триумфираа со дури 33 разлика. На крајот беше 124-91.

Најинтересно беше на дуелот Вашингтон – Индијана, кој го добија домашните со 135-134 дури по продолженијата.

Денвер го совлада Сан Антонио на крилата на одличниот Никола Јокиќ кој постигна 32 поени. Лејкерси дома загубија од Феникс, но дуелот остана во сенка на инцидентот на играчите на Лејкерс кои се степаа меѓу себе. 

Сакраменто поразен на домашен терен од Јута, додека Бруклин славеше дома над Филаделфија. Чикаго оствари триумф над Њу Орлеанс.

НБА-РЕЗУЛТАТИ:

Кливленд – Шарлот 112-123

Орландо – Њујорк 96-121

Вашингтон – Индијана 135-134 (по продолженија)

Бостон – Торонто 83-115

Филаделфија – Бруклин 109-114

Чикаго – Њу Орлеанс 128-112

Хјустон – Оклахома 124-91

Денвер – Сан Антонио 102-96

ЛА Лејкерс – Феникс 105-115

Сакраменто – Јута 101-110

Се вчитува...