Незапаметен скандал: Ѕвездите на ЛА Лејкерс се степаа меѓу себе на клупа (ВИДЕО)

Незапаметен скандал во ЛА Лејкерс за време на натпреварот против Феникс во НБА лигата. Лејкерси лошо влегоа во новата сезона против Феникс запишувајќи го и вториот пораз, а причина за тоа е и катастрофално лошата атмосфера во екипата.

За време на една пауза дојде и до физичка пресметка меѓу двете големи ѕвезди на тимот, Ентони Дејвис и Двајт Хауард.

Се започна Дејвис, следеше меѓусебно „кошкање“, но поголем инцидент потоа спречија соиграчите.

Се што се случуваше прилично го разочара и Меџик Џонсон, еден од најголемите во историјата на ЛА Лејкерс.

„За мои 42 години колку што сум поврзан со Лејкерс не сум видел нешто слично“ – напиша Џонсон на својот Твитер профил.

ЛА Лејкерс загубија со 105-115. Дејвис за 38 минути на паркетот постигна 22 поени и дополни 14 скока, додека Хауард за речиси девет минути игра не се запиша во листата на стрелците а имаше само три скока.

Се вчитува...