Денвер Нагетс добива „голема тројка“

Кошаркарот на Лос Анџелес Клиперс, Пол Џорџ разочара во првата сезона во „градот на ангелите“, па поради тоа се поголеми се шпекулациите околу негово заминување. Дел од американските медиуми пренесуваат дека тој би можел да се пресели во Колорадо во тимот на Денвер Нагетс.

Нагетс во замена за Џорџ во ЛА би ги испратиле Гери Херис, Вил Бартон и Монтеј Морис. Тоа значи дека Никола Јокиќ и Џамал Мареј би добиле трет кошаркар со кој би се обиделе да го надминат годинашниот резултат кога беа дел од финалето во Западната конференција.

За потсетување, Денвер уште пред три години се обиде да го доведе Џорџ, но тогаш трејдот беше одбиен од страна на Индијана Пејсерс.

Се вчитува...