Денвер тоне без Јокиќ, Голден Стејт не знае за пораз (ВИДЕО)

Кошаркарите на Голден Стејт ја продолжуваат фантастичната победничка серија, па сега имаат скор од 17-2 по триумфот над Портланд со 118-103.

Најдобар кај Вориорс беше Стеф Кари со 32 поени, 7 скока и 8 асистенции, додека Ендрју Вигинс додаде 25, а Дрејмонд Грин запиша 12 поени, 8 скока и 12 асистенции.

Кај Блејзерси најдобар беше Јусуф Нуркиќ со 17 поени, 4 скока и 3 асистенции, а по 16 поени додаде МекКолум, 7 скока, 4 асистенции.

 

 

Никола Јокиќ го пропушти четвртиот последователен натпревар поради повреда на зглобот, па Денвер повторно загуби, овој пат од Милвоки со 120-109. Бакс во ниту еден момент не заостана, ја остварија шестата последователна победа, а најдобар беше Јанис Адетокумбо со 24 поени, 13 скока и 7 асистенции.

 

 

Од останатите натпревари Вашингтон оствари победа над Оклахома Сити со 101-99, Атланта во дуелот против Мемфис со 132:100, додека Чикаго Булс го совлада Орландо со 123-88.

Се вчитува...