ДЕРБИ НА КОЛОТО: Шкендија за задржување на врвот, Исени најавува победа на Шкупи

Дербито во 12. коло од Првата македонска фудбалска лига во Тетово каде Шкендија го пречекува Шкупи во желбата за задржување на водечката позиција на табелата.

Јасно е дека тетовци ја носат и фаворитската улога, посебно и поради фактот дека Ернест Ѓока ќе може да располага со сите сили со исклучок на дефанзивецот Јан Кривак кој ќе мора да паузира поради жолти картони.

Од друга страна максимален оптимизам владее и во редовите на Шкупи. Капитенот Бесар Исени најавува атак на победа и преземање на лидерското место.

„Двонеделната пауза ја искористивме максимално за да се подготвиме добро. Во тимот владее позитивна атмосфера и тоа е тоа што не води кон оптимистичкте очекување. Натпреварите со Шкендија отсекогаш биле тешки за играње, но сега одиме во Тетово да победиме, без сомнение одиме по трите бода. Ќе бидеме хендикепорани поради неиграњето на неколку играчи, но сите кои ќе бидат на терен имаат и квалитет и сили да дојдат до посакуваната цел“ – вели Исени.

Во таборот на Шкупи ќе недостасуваат Илјази поради жолти картони а повредени се голманот Наумовски, Глишиќ и Џулу, кои се неизвесни.

ПРВА ЛИГА – 12. КОЛО (денеска, 13 ч.)

Тетово: ШКЕНДИЈА – ШКУПИ

Скопје: РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП

Кратово: СИЛЕКС – БЕЛАСИЦА

Струмица: АК. ПАНДЕВ – ПЕЛИСТЕР

Струга: СТРУГА ТЛ – РЕНОВА

ВЧЕРА

БОРЕЦ – ВАРДАР 0-2

Се вчитува...