Дерби Партизан – Црвена Звезда не може без скандал – Лесор тргна да го тепа Петрушев (ВИДЕО)

Натпреварот помеѓу Партизан и Црвена Звезда донесе неверојатен спектакл во Белград во која на победа се радуваа „црно-белите“ кои успеаја негативата од 20 поени на полувремето да ја претворат во победа од 11 разлика.

За жал, вечното дерби во АБА ни овој пат не помина без инцидент, но овој пат „актери“ на немилите сцени не беа навивачите на двата клуба, туку кошаркарот на Партизан, Матијас Лесор.

Французинот кој и во текот на третата четвртина влезе во клинч со Филип Петрушев, по финишот на мечот имаше и „трето полувремето“ со српскиот репрезентативец. За однесувањето на Лесор на пресконференцијата за медиуми се извини и тренерот на „црно-белите“, Жељко Обрадовиќ…

Се вчитува...