Дерби со тензија, страст и драма… Ама, на „Тодор Проевски“ штама (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Вардар и Работнички одиграа квалитетна дерби пресметка во 21. коло од Првата македонска фудбалска лига. За жал, сето тоа без гледачи поради одлуката на ФФМ а на препорака на Владата на РСМ поради превенција од коронавирусот.

На арената „Тодор Проевски“ двата тима имаа свои мигови, шанси и можности и за погодок, иако е јасно дека Вардар пропушта можност за три бода пред се поради промашениот пенал во 97. минута. Младиот голман на „романтичарите“ Ристе Јанков во последната секунда го одбрани ударот од белата точка на Дарко Мицевски, на крајот можеби и за објективно реми…

 

Се вчитува...