Дербито Јуве – Интер може да се игра и пред публика?!

Големото дерби на италијанскиот фудбал меѓу Јувентус и Интер би можело да се одигра и со публика на трибините, најавуваат италијанските медиуми.

Забраната за присуство на спортските настани е на сила до сабота, 29 февруари, по што Премиерот и Владата на Италија ќе донесат нова одлука во зависност од случувањата и ширењето на болеста или смирувањето на ситуацијата.

„Се надевам дека кризата ќе се разреши што поскоро, а тоа ќе се однесува и на дуелот меѓу Јувентус и Интер. Ќе видиме в сабота, треба да се разбере дека ширењето на вирусот се одвива се побавно, можеби и ќе запре целосно до крајот на оваа седмица. Кога ќе имаме позитивна вести на оваа тема, докторите, научниците и политичарите ќе донесат заедничка одлука“, изјави претседателот на областа Ломбардија.

Во прилог на ваков епилог оди и фактот дека Јувентус ја нема запрено продажбата на билети за големото дерби, што секако оди побавно со оглед на сериозната опаснот од одложување. Градските власти во Торино исто така немаат донесено конечна одлука за мечот да се игра пред празни трибини, во исчекување на разврската и последниот став што се очекува в сабота да го изнесе италијанскиот премиер.

Се вчитува...