Дербито од 26. коло во италијанскиот шампионат меѓу Јувентус и Интер нема да се игра утре во регуларниот термин. Серија А одлучи поради коронавирусот дерби пресметката да биде одложена за 13. мај.
Првично беше одлучено дуелот во Торино да биде без публика, но денеска е донесена одлуката сепак комплетно да се одложи со оглед на тоа Северна Италија е сериозно зафатена од коронавирусот.
Исто така откажани се и натпреварите Милан – Џенова, Парма – СПАЛ, Удинезе – Фиорентина и Сасуоло – Бреша, а останатите натпревари од викенд колото во Италија ќе се играат без публика, но не се исклучува можност дополнително да биде одложен и некој од нив.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА