Десаи: Жиру никогаш нема да биде значаен за Челси како што е за Франција

Оливие Жиру се наоѓа во фантастична форма во последно време, а и повторно ја доби довербата на Френк Лампард за место во стартната постава. Пресвртот на Французинот беше на дуелот против Севилја во Лигата на Шампионите, каде напаѓачот постигна неверојатни четири гола.

34-годишникот во неколку наврати беше пред излезна врата од Лондон, првично во потрага по натпреварувачка форма во пресрет на Европското првенство кое треба да се одржи следното лето. Французинот е фудбалска легенда во својата држава, ја предводеше Франција на Светското првенство во 2018 година, на 105 одиграни средби има постигнато 44 гола, но во очите на Марсел Десаи напаѓачот никогаш нема да биде значаен за Челси како што е за репрезентацијата на „триколорите“.

„Жиру не е иднината на Челси и никогаш нема да биде нивни главен играч. Може да биде битен за клубот само на моменти, бидејќи Лампард ги проучува противниците и може да го користо само на натпревари против тимови кои не можат да се одбранат од играч со неговите способности. Додека тој е незаменлив за националнио тим, тој е перфектен соиграч“ – изјави поранешниот капитен на Чесли и француската репрезентација.

Се вчитува...