НБА драфтот за 2021 година не донесе големи изненадувања. Кејн Канингхем беше одбран како прв пик, а него го следеа Џејлен Грин, Еван Мобли, Скоти Барнс и Џејлен Сагс во првите петтмина. Интересно е тоа што вкупно десет Европејци беа одбрани оваа година од кои само четири во првата рунда.
Највисоко на листата, како 8. пик беше одбран Германецот Франз Вагнер, помладиот брат на Мортиз Вагнез кој во НБА лигата пристигнува од редовите на Универзитетот Мичиген. Него го следеше Турчинот Алперен Шенгун на 16. место, додека репрезентативецот на Шпанија, Усман Гаруба беше одбран како 23. пик од страна на Хјустон.
Во првата рунда како 30. пик беше одбран и Шпанецот Сенти Алдама, додека во втората рунда беа одбрани Рокас Јокубаитис како 34. пик, на 45. место заврши Фрнцузинот Јихан Бегарин, Србинот Филип Петрушев кој беше МВП на АБА лигата беше одбран како 50. пик, додека Грузиецот Сандро Мамукелашвили на 54. место.
Србинот Балса Копривица беше одбран како 57. пик, додека Гркот Џорџ Калаитзакис беше одбран од последното, 60. место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА