Десет меча суспензија за Кудела за расизам, казнет и Камара од Ренџерс

Европската куќа на фудбалот УЕФА, го казни Чехот, Ондреј Кудела со десет натпревари за  расистички навреди кон фудбалерот на Ренџерс, Камара на мечот на 18 март на „Ајброкс“.

Иако од редовите на чешкиот тим велеа дека немало расизам и дека Кудела бил нападнат од Камара по мечот, сепак дополнителната истрага утврди дека Кудела сепак расистички го навредил фудбалерот на Ренџерс.

Сепак, без казна нема да помине и Камара кој поради лошото однесување и нападот над Кудела во тунелот кон соблекувалната доби казна од три меча.

Се вчитува...