Десет поени за Димитријевиќ во првата контрола на Хувентуд сезонава

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ имаше солидна партија во поразот на Хувентуд од Валенсија со 94-82 во првиот подготвителен натпревар пресрет новата сезона во шпанското првенство.

Димитријевиќ беше трет стрелец во својот тим, а натпреварот го заврши со уфрлени 10 поени, надополнети со четири асистенции. Најефикасни во таборот на Хувентуд беа Анте Томиќ и Пау Рибас со по 12 поени.

Следниот подготвителен натпревар Хувентуд ќе го има на 30. август против Барселона, а потоа следуваат и мечевите со Андора и Манреса.

Се вчитува...