Еден од најдобрите македонски фудбалер Елиф Елмас и неговиот Наполи загубија на гостувањето кај Торино со 1-0 во натпревар од денешната понуда од 7. рунда од новата сезона во Серија А.
Клучниот момент во натпреварот се случи во 32. минута од мечот кога Џовани Симеоне го постигна голот вреден три бода за домаќините од Торино. Македонскиот интернационалец мечот го почна од клупата за резерви, а во игра влезе во 82. минута и ги одигра последните десетина минути. Гостите израмнија преку Ланг на 1-1 во 93. минута, но по проверка на ВАР голот беше поништен поради офсајд.
Torino [1] – 0 Napoli – Giovanni Simeone 32'
byu/Big-Education-916 insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

