Десетта победа во низа за кошаркарите на Фенербахче

Кошаркарите на истанбулски Фенербахче продолжуваат со одлични игри и во 2021 година. Во 25. коло од Евролигата ја пречекаа берлинска Алба и славеа со резултат 89:84.

Ова е десетта победа во Евролигата по ред за избраниците на Игор Кокошков, кои сега се пробија на шестото место на табелата со резултат 15-10.

Следниот натпревар на тимот од Истанбул ќе биде за седум дена, а Фенербахче за противник ќе го има тимот на Анадолу Ефес.

Се вчитува...