Десетта титула за Федерер во Базел (ВИДЕО)

Роџер Федерер ја продолжува неверојатната серија титули на турнирот во Базел. Ја освои рекордната десетта тирумфирајќи во финалето со 2-0 во сетови над Алекс де Мианур. За јубилејниот трофеј, Федерер ги доби двата сета со идентични 6-2 неоставајќи во ниту еден момент простор за можност да не триумфира повторно на турнирот во родниот град.

Федерер го одигра 13-то последовно финале на овој турнир, 15-вкупно во кариерата. Триумфот му ја носи четвртта титула оваа сезона по успесите во Хале, Мајами и во Дубаи. Тој го одигра шестото финале во 2019 година што го става на втората позиција веднаш зад Даним Медведев кој има девет финални пресметки.

Претходно, Швајцарецот на турнирот во Базел славеше во 2006–2008, 2010–2011, 2014–2015 and 2017–2018 година.

 

 

 

 

 

 

Се вчитува...