Десетте правила на Роналд Куман кои од корен ја променија Барселона

Во Барселона многу се зборува за Роналд Куман, односно добрите игри кои ги бележи тимот по неговото доаѓање. Холанѓанецот успеа да ги придобие и тие што беа против него, а особно Лионел Меси кој беше на чекор од заминување од клубот. Дефинитивно Куман промени многу работи во каталонскиот тим, а шпанските медиуми издвоија десет кои се клучни за целата промена.

  1. Тренинзите се многу посилни. Холанѓанецот смета дека Валверде и Сетиен многу грешеа што го намалија интензитетот на тренинзите. Подготовките беа многу потешки од претходните денови, но сега се гледа дека тоа вродило со плод.
  2. Промена на формацијата. Куман смета дека 4-2-3-1 претставува нешто на што тимот ќе мора да се навикне, а интересно е и кога тимот не успеа да постигне победнички гол против Севилја, формацијата не се менуваше.
  3. Им верува на стартерите. Очигледно е дека стартната постава е фиксирина и само суспензии може да дојдат до голема промена во тимот.
  4. Ги врати тренинзите на денот на мечот. Кога играат на „Камп ноу“ имаат тактички тренинг на денот пред мечот. Последен кој тоа го правеше во клубот беше Луис Енрике.
  5. Фудбалерите мора еден час пред секој тренинг да бидат на стадионот и на располагање на Холанѓанецот како би можел да разговара со секого.
  6. Го промени времето за загревање пред мечевите. На пример против Баерн тие на теренот се загреваа само 10 минути.
  7. Ја најде вистинската улога на секој фудбалер. Голема разлика се гледа кај Кутињо, а тој и понатаму инсистира Гризман да биде осамен во шпицот верувајќи во него дека ќе почне да постигнува голови.
  8. Кажува се директно „во лице“. Јасен е и умее да ги критикува и најдобрите кога ќе погрешат. Ништо не сфаќа лично и подготвен е секогаш да дебатира со фудбалерите.
  9. Годините немаат никакво значење. Ако младите и старите фудбалери имаат исти квалитети шанса ќе им даде на помладите, но никогаш нема непотребно да форсира млад фудбалер ако тој не се докаже.
  10. Има добар однос со новинарите. Тој е искрен на пресконференциите и секогаш сака да одговори на секое прашање. Тоа што ќе им го каже на фудбалерите го кажува и на новинарите. Не сака ништо да крие и има голема почит кон медиумите.

Се вчитува...