Дешамп го врати Бенземa: Репрезентацијата е поголема од мене и од Карим

Карим Бензема и официјално ќе го носи дресот на Франција на ЕВРО 2020 откако селекторот Дешамп реши да го помилува голгетерот на Реал Мадрид за инцидентот од пред шест години, кога Бензема беше обвинет како дел од бандата која го уценуваше Матиу Валбуена за секс-снимката од поранешниот француски репрезентативец.

Против Бензема се води судски случај заедно со сите останати во овој скандал, Дешамп оттогаш (октомври 2015 година) повеќе не го повика во националниот тим, за сега конечно да го промени ставот и да го вклучи во составот за претстојниот европски шампионат.

„Неопходно беше да седнеме и да разговараме. Не сакам цело време да се зборува за овој случај, бидејќи се што се прави, се прави за доброто на националниот тим. Репрезентацијата е поголема од мене и од Карим“, изјави Дешамп.

На списокот на селекторот го нема Антони Марсијал, кој е повреден, а Дешамп и покрај најавите сепак се реши да не ја подмлади репрезентацијата, па во комбинација за ЕВРО 2020 нема да бидат Камвинга, Тео Хернандез и Оуар.

Се вчитува...