Дешамп: Гризман не е среќен во Барселона

Селекторот на фудбалската репрезентација на Франција, Дидие Дешамп, тврди дека Антоан Гризман не е среќен со улогата што ја има во Барселона. Новиот тренер Роналд Куман му даде улога во офанзивното трио, но тој не може да се снајде во составот на каталонците крај Лионел Меси.

„Зборувам со Гризман многу често, ќе бидеме и заедно во овој период, но уверен сум дека тој не е среќен со неговата ситуација во Барселона. Доби улога на десната крилна позиција, а јас не можам да сфатам зошто не делува низ средината“, изјави Дидие Дешамп.

Франција во Лигата на нации ја очекуваат дуели со Португалија и со Хрватска.

Се вчитува...