Дидие Дешамп на својот последен меч како селектор на француската репрезентација виде две различни лица на „триколорите“, првото во кое беа целосно надиграни и губеа со 0-4 и второто во кое за малку ќе се вратеа, откако се доближија до 3-4, за на крајот да го загубат овој драматичен натпревар со 4-6.
„Поразот боли, но да не заборавиме дека губевме со 0-4. Одигравме ужасно прво полувреме во кое не покажавме ништо. Одговорноста за тоа е моја бидејќи најверојатно не го направив она што беше потребно за тимот да реагира, да игра како што знае. На паузата променивме неколку работи и веднаш вроди со плод, почнавме да го правиме она што го знаеме, дадовме три гола, имавме две одлични шанси за 4-4…“, истакна Дешамп.
На искусниот стратег му е јасно дека поразот од Шпанија остави трага врз психолошкиот аспект во неговиот тим.
„Секако дека се чувствуваше тоа разочарување, тој пораз многу боли бидејќи толку саквме да играме финале. Дојдовме со големи амбиции, направивме бројни позитивни работи, но не одигравме како што знаеме со Шпанија. Од личен аспект, ова беше голема авантура, осум седмици кои минаа многу брзо. Разочарувањето е на спортски план, бидејќи знаевме дека имавме можност да донесеме радост на десетици милиони Французи. Имавме сили за подобар резултат, но ова е спорт и не го добивате секогаш она што сте го сонувале“, порача Дидие Дешамп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
