Селекторот на Франција , Дидие Дешамп, разбирливо беше многу разочаран по поразот од Шпанија со 0:2 во полуфиналниот натпревар на Светското првенство во 2026 година.
Тренерот на „петлите“, кој стана тренер со најмногу натпревари на светски првенства, призна дека неговиот тим бил надигран, но исто така го изрази своето незадоволство од главниот судија на натпреварот – Салвадорецот Иван Бартон.
„Играчите се скршени, но мора да бидеме објективни – технички бевме послаби. Наша е вината. Но, ќе поставам едно прашање: дали судијата беше квалификуван да суди полуфинале? Нема да одговорам. Имаше многу спорни ситуации… Ако кажам нешто повеќе, ќе испадне алиби затоа што загубивме. Немам ништо против судијата, но прашајте се дали беше достоен за полуфинале“, почна Дешамп.
Потоа се осврна на својот тим.
„Главната причина е што бевме послаби, со технички грешки и додавања. Ова е највиското ниво, дури и ако боли. Не сакам да кажам се што направивме, а во овој натпревар Шпанија покажа повеќе. Имавме цел да играме во финале и не успеавме. Разочарувањето е големо. Не ги негирам сите добри работи што ги направивме. Не му одземам ништо на противникот, тој ја контролираше ситуацијата и го доби натпреварот“, изјави Дешамп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
