Дестани најави европски стадион во Тетово: Проект вреден милиони евра

По освојувањето на новата шампионска титула на Шкендија, сопственикот на тетовскиот клуб Лазим Дестани во изјава за дел од албанските медиуми најави почеток на проектот за стадион во Тетово согласно европските стандарди.

Дестани истакнал дека во јули ќе стартува проектот за стадионот во Тетово, инвестиција вредна неколку милиони евра. Комплетните активности би траеле нешто повеќе од една година, со што Шкендија би добила стадион на кој ќе може да ги игра и своите европски натпревари.

Шкендија ова лето повторно ќе ја претставува Македонија во квалификациите за Лигата на шампионите откако на убедлив начин успеа да ја одбрани шампионската круна. Поголемиот дел од првотимците веќе се на заслужен одмор, а се очекува утре Ќатип Османи во последното коло од првенството против Ренова да настапи во комбиниран состав.

Се вчитува...