Дестани: Посакувам оваа година групна фаза во Европа!

Првиот човек на Шкендија, Лазим Дестани не го криеше задоволството од одбраната на шампионскиот трофеј и оваа сезона. Сопственикот на тетовци и на синоќешната прослава на титулата, пред бројни пријатели на фудбалот уште еднаш им честиташе на фудбалерите и стручниот штаб за доминантното освојување на шампионската круна посакувајќи во следната сезона да се стигне и до групна фаза на европската сцена.

„Горд сум на се што изминативе години прави Шкендија на фудбалската сцена. Горд сум на секој поединец во овој колектив. Уште еднаш од срце честитам за новата шампионска титула. Ако нешто искрено посакувам за следната сезона тогаш тоа е успешен настап на европската сцена и да успееме да се избориме за групна фаза во едно од двете европски клупски натпреварувања“ – истакна Дестани на синоќешната прослава во Тетово.

Од тимот, пак, шефот на стручниот штаб Ќатип Османи и капитенот Арменд Алими порачаа дека максимално ќе се потрудат ова лето да дојдат и до најголемиот европски успех на клубот.

 

Се вчитува...