Детроит ќе бира прв на НБА драфтот 2021

Првиот пик на НБА драфтот за 2021 година му припадна на најлошиот тим во Источната конференција, Детроит Пистонс кој оваа сезона забележа 20 победи и 52 порази. По Детроит ќе биде Кливленд, додека третото место му припадна на Торонто.

Во првите десет пика ќе бидат уште Орландо, Оклахома, Голден Стејт кој со трејд го доби пикот на Минесота, потоа Чикаго кој го доби пикот на Сакраменто и Њу Орлеанс. Во „лотаријата“ ќе бираат уште Шарлот, Сан Антонио, Индијана, Голден Стејт, Орландо и Вашингтон.

Како прв пик на овогодишниот драфт се очекува да биде избран Кејд Канингем од Универзитетот Оклахома, додека за прв европјанин се очекува да биде избран Германецот Франц Вагнер од Мичиген Стејт, а во горниот дел од драфтот се очекува да бидат одбрани и Алперен Шенгун од Бешикташ и Усман Гаруба од Реал Мадрид.

Се вчитува...