Детроит со 27 пораз по ред, и официјално станаа најлоша екипа на сите времиња

Детроит Пистонс и официјално станаа најлошата екипа во НБА историјата, откако дома загубија од Бруклин со 118-112, што за нив беше 27 пораз во низа. Со тоа го срушија негативниот рекорд на Кливленд кои во 2010/11 загубија 26 пати по ред.

Филаделфија во 2015 година загубија 28 натпревари во низа, но во две различни сезони (10 во едната, 18 во другата). Пистонси тој рекорд може да го стигнат веќе во четврток, кога гостуваат кај Бостон, а да го урнат во сабота дома со Торонто.

Од 28 октомври кога го совладаа Чикаго, Детроит нема триумф, односно запиша 27 последователни порази. Ноќеска беа блиску до прекин на серијата, затоа што во последната минута имаа само два поени минус против Бруклин, но не успеаја да надоместат.

Се вчитува...