Деца на славните татковци – Ричардсон и Портнер, втора генерација на европскиот трон

Триумфот на Монпелје на Ф4 турнирот во Келн е придружен со мали и големи ракометни приказни. Една од нив е онаа за шампионската генетика во овој спорт, приказна за синовите кои ги наследија некогаш славните татковци на шампионскиот подиум.

Монпелје после 15 години повторно е на европскиот трон. Мелвин Ричардсон и Никола Портнер ја продолжија семејната традиција.

Денсиот бек Мелвин Ричардсон е син на славиот француски репрезентативец Џексон Ричардсон. Голманот Никола Портнер па е син на прославениот југословенски ракометар Златко Портнер.

Мелвин имал само четири години кога неговиот татко Џенсон, тогаш најголема ѕвезда во светскиот ракомет, стана прв француски ракометар што ја освоил Лигата на шампионите. Тоа беше во шпанската Памплона во 2001 година. Две години подоцна во новото европско финале Портланд Сан Антонио беше поразен од Монпелје кој тогаш ја освои првата шампионска титула.

До втората стигнаа 15 години подоцна, на Ф4 во Келн, со 21-годишниот Мелвин Ричардсон во една од главните улоги. Десниот бек кој до лани се калеше во Шамбери, одигра импресивно во двата натпревари на Ф4 викендот во Келн. Постигна шест од последните осум гола на Монпелје во полуфиналната победа против Вардар и додаде уште четири во финалето со Нант и во својата прва сезона во ЛШ во семејната колекција донесе уште една шампионска титула.

По стапките на својот славен татко тргна и Никола Портнер, голманот на Монпелје со швајцарски пасош. Златко Портнер беше среден бек во славната репрезентација на Југославија кој во својата кариера три пати го подигна победничкиот пехар во Купот на Европа, во 1985 и 1986 со Металопластика Шабац и во 1991 година со Барселона. Младиот Портнер во големото финале имаше два одбранети седмерци.

Се вчитува...