Детско однесување на Лука Дончиќ: Зошто го исмејуваше Владе Дивац!? (ВИДЕО)

Американската кошаркарска јавност се уште го коментира потегот на Словенецот Лука Дончиќ кој во победата на Далас над Сакраменто имаше „детско однесување“ кон Владе Дивац кој го следеше мечот од трибините.

Дончиќ со завршни слободни фрлања го реши победникот на мечот а потоа со прст покажуваше кон Владе Дивац. Најпрво директно му се обрати, а потоа на клупата кај своите соиграчи дофрли:

„Требаше да ме драфтува“.

Јасно е дека Дончиќ така реагираше затоа што Дивац, додека беше менаџер на Сакраменто, не го драфтуваше. Факт е дека погрешија Кингс со ангажманот на Марвин Бегли, кој сега го нема никаде, на местото на Дончиќ.

Но, и покрај тоа, поголемиот дел од американската кошаркарска јавност нагласува дека смешно е однесувањето на Дончиќ со директни покажувања среде натпревар.

Се вчитува...