Вардаровите ракометари успешно ја завршија и четвртфиналната приказна од Лигата на шампионите со пласманот на Ф4 турнирот во Келн, и третпат едноподруго.
Повеќе од машка борба за „црвено-црните“, пред се во второто полувреме во Сегед во меч со многу тензија, нервоза, тактичко надмудрување…, но на крајот за вардарово радување како одговор на целокупната негативна ситуација во која живеат „црвено-црните“ изминатава година…
„Како да не бидам горд на овие момци кои девет месеци не добиле плата“ – рече по мечот во Сегед, тренерот Парондо, веројатно индиректно давајќи одговор и зошто сопственикот Сергеј Самсоненко го нема на клучните натпревари за „вардарци“ сезонава. Тешко е да се погледне во очи!
Максимално возбуден и капитенот Столе Стоилов на крајот порача дека „не е се во парите, но пред се во срцето“, само како дополнение на констатациите на Дибиров, Чупиќ и останатите дека силата на овој Вардар е во заедништвото, позитивниот тимски дух и инаетот… Така беше и во Сегед!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА