Џабар: Сите во НБА мора да се вакцинираат

Легендарниот кошаркар, Карим Абдул Џабар смета дека сите играчи во НБА лигата мора да бидат вакцинирани.

Тој истакнува дека поединци не се ни свесни во каква лоша ситуација се наоаѓа човештвото во моментов.

„Нема место за ризик. Никој од кошаркарите не смее да го загрозува здравјето и животот на другите играчи. Очигледно е дека некои не се свесни за ситуацијата и поради тоа вакцинацијата мора да биде задолжителна“, изјави Џабар. 

Американските медиуми ја пренесоа информацијата дека најмалку 10 отсто од кошаркарите во НБА немаат примено вакцина, а некои од нив и јавно обелоденија дека не ни планираат тоа да го направат. Меѓу нив најгласен e Кајри Ирвинг.

Се вчитува...