Раководството на Фудбалскиот Сојуз на Србија долго беше на удар поради толерирањето на Драган Стојковиќ и покрај слабите резултати во последниот период, а откако Пикси самиот си замина по фијаското во Лесковац против Албанија веднаш почна потрагата по нов кормилар за националниот тим.
Денеска конечно се огласи и претседателот на ФСС, Драган Џајиќ, кој најави дека желба на сите е што поскоро да биде решено селекторското прашање, иако му е јасно дека повторно би можело да биде донесено погрешно решение како што тоа беше случај со Стојковиќ.
„Изборот на нов селектор е приоритет пред двете средби во ноември. Нема да одолговлекуваме со одлуката, против Андора селектор ни беше Зоран Мирковиќ, што не значи дека тој нема да остане на таа функција и во иднина… Ќе мораме добро да отвориме очи, знам дека сме интересна тема во медиумите, но мораме да бидеме максимално внимателни, да направиме сериозна анализа пред да го донесеме конечниот избор. За да не згрешиме…. А на крајот, и покрај се, може и да се случи да згрешиме“, истакна Џајиќ за српските медиуми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

