Џака пред трансфер во Рома

Доаѓањето на Жозе Мурињо во главниот град на Италија наговести подобри денови за Рома, а искусниот стратег веќе започна со составување на тимот кој ќе атакува на враќање во Европа, но и освојување на шампионската титула во Серија А.

Една од најголемите желби за Португалецот ова лето е играчот за врска на Арсенал, Гранит Џака, трансфер за кој медиумите во Англија сметаат дека е многу блиску до реализација. Притоа промена сака и швајцарскиот репрезентативец кој во минатите сезони влегуваше во дуели со навивачите на „топџиите“.

Трансферот на Џака во Рома се проценува на околку 25 милиони евра, сума која Арсенал ќе ја искористи во доведување на Рубен Невес или Бен Вајт.

Се вчитува...