Џани Инфантино: Однапред честитки за Сејдини… сега е ваше време и за идни успеси на македонскиот фудбал (ВИДЕО)

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино преку видео-обраќање до делегатите на Собранието на ФФМ и македонската фудбалска јавност истакна честитки за резултатите на македонските репрезентации изминатава година, истакнувајќи, како што самиот рече, однапред честитки за досегашната работа на претседателот Муамед Сејдини и идниот нов избор, како единствен кандидат, на чело на ФФМ.

„Не сум таму со вас во Скопје затоа што сум во Мароко на конференцијата на Африканската фудбалска конфедерација, но со срцето сум со вас. Сакам однапред да му честитам на мојот пријател Сејдини за нов избор, затоа што знам дека одлично ја работи својата работа и така ќе продолжи и во иднина. Да ја искористам оваа можност да ви честитам вас и на целата земја за неверојатниот пласман на Европското првенство. Ова лето ќе имате неверојатно доживување и целото фудбалско движење во вашата земја ќе има големи придобивки од тоа“ – истакна Инфантино во видео-обраќањето до делегатите на Собранието на ФФМ притоа дополнувајќи:

„Вашиот слоган е СЕГА Е НАШЕ ВРЕМЕ, и мислам дека сега е ваше време за стратегиите кои ги подготвувате за фудбалот и за сите идни успеси“.

Се вчитува...