Џани Инфантино позитивен на коронавирус

Претседателот на Светската фудбалска федерација ФИФА, Џани Инфантино е позитивен на коронавирус, стои во соопштението на светската куќа на фудбалот. Првиот човек на ФИФА денеска добил позитивен тест. Тој во моментов чувствува благи симптоми, но е во добра здравствена состојба.

„Сите луѓе кои во последните неколку дена беа во директен контакт со Инфантино се известени и од нив се очекува да ги преземат сите мерки на безбедност“, стои во соопштението од ФИФА. 

Инфантино е во домашна изолација каде ќе ги помине следните десет дена.

Се вчитува...