Џанлука Вијали: Кога овој ужас ќе заврши сакам Италија во Бергамо да одигра меч со сите оние доктори-херои…

Еден од најдобрите светски напаѓачи во деведесеттите години од минатиот век, Џанлука Вијали, во моментите на пандемијата од коронавирусот и натаму се бори со тешката болест која му беше дијагностицирана пред три години.

Големиот Вијали, кој сега е помошник на Роберто Манчини на клупата на Италија, во 2018 година пред јавноста откри дека се бори со рак.

Сега, поради дијагностицираниот рак, спаѓа во ризичната група која мора значително повеќе да се чува од Ковид-19. Но, како што вели, не очајува поради тоа, туку сето ова го гледа како едно патување, авантура, која му помогнала да разбере многу повеќе за себе како личност.

„Завршив со хемотерапијата која траеше 17 месеци, еден циклус од осум месеци и еден од девет. Беше тешко, дури и за некој како мене, и физички и психички. Тестовите не покажаа знаци на болеста, што ме прави среќен. Конечно може и да се погледнам во огледало, а да не се плашам од самиот себе. Многу е тешко, и поради тоа сега сочувствувам со сите оние кои минуваат низ ова“ – вели Вијали, кој се осврнува и на коронавирусот.

„Секој ден мислам на секој оној кој е доведе во болница и присилен да умре осамен, мислам и на сите оние масовни погреби без присуство на ниту едно лице. Тоа е ужано. Оваа криза ќе остави силни траги на земјата, емоцијални, морални и економски“.

Вијали носи огромна емпатија кон сите здравствени работници кои се борат со Ковид-19…

„Во мојот случај, битката со ракот не беше битка, туку едно непознато патување, авантура… Нормално, би сакал да не сум болен, но се случи тоа и се обидува максимално да искористам се што животот ми нуди. Ова помага да разберете поубаво кој сте и што сте“ – истакнува Вијали и продолжува:

„Ќе биде убаво кога фудбалот и спортот ќе се вратат. Многу емоции, љубов, страст… Се надевам и дека сето ова кога ќе го нема ќе бидеме и натаму солидарни во иднина. Мора секогаш понатака да даваме поддршка на здравствените работници, на тие великодушни луѓе со неверојатна физичка и ментална сила. Да не ги заборавиме и кога сето ова ќе заврши. Кога ќе заврши сето ова посакувам фудбалската репрезентација на Италија да одигра еден натпревар во Бергамо со нашите доктори и медицински сестри. Тој ден ќе биде одличен“.

Се вчитува...