Џеферсон Фарфан позитивен на коронавирусот

Перуанскиот интернационалец Џеферсон Фарфан е позитивен на Covid-19, откри рускиот медиум Match TV. Фудбалерот на Локомотив Москва покажал позитивни резултати на последното тестирање на коронавирусот и токму поради него и сонародникот Клаудио Пизаро, напаѓачот на Вердер, мора да остане во задолжителен карантин во наредните 14 дена. Тој имал контакт со Џеферсон Фарфан, но засега не појавува симптоми на коронавирусот.

„Фарфан има позитивен тест на коронавирусот. Тој немаше контакти со ниту еден друг член на тимот. Кога ќе почнат тренинзите, сите останати фудбалери ќе бидат задолжително тестирани“, изјави Анатолиј Мешерјаков, претседателот на бордот на директори на рускиот клуб.

Стартот на руското фудбалско првенство е планирано за 21 јуни.

Се вчитува...