Џејдон Санчо се подалеку од „Олд трафорд“

Ѕвездата на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо, е поврзуван со мега-трансфер во Манчестер Јунајтед, но менаџерот на „црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солскјер внесе дилема околу потенцијалното доаѓање на англискиот репрезентативец во Премиер-лигата. Норвежанецот објасни дека Јунајтед нема да прави големи купувања во текот на летниот преоден рок, односно дека ќе прави разумни трансфери со разумни суми. Ова веднаш го отвори прашањето за трансферот на Санчо со оглед дека тој би го чинел Јунајтед 100 милиони фунти.

„Ако се појави некоја добра прилика и можност да биде направен некој договор со играч кој би не направи подобри можно е да потрошиме некои пари, но тимот е одличен и се движиме во вистинска насока“ – изјави Солскјер.

За Џејдон Санчо кој има импресивни настапи во Борусија Дортмунд е заинтересиран и Манчестер Сити, клубот од каде што замина во Германија.

Се вчитува...