Џејдон Санчо за три месеци од анонимец до мегаѕвезда

Новиот англиски фудбалски репрезентативец Џејдон Санчо има метеорски скок во кариерата, а со тоа и вредноста на пазарот му е енормно зголемена. Според последните анализи вредноста на младиот англичанец скокнала за неверојатни 806 проценти, или на околу 80 милиони фунти за само три месеци.

Бројките доаѓаат од Фудбалската опсерваторија која проценката ја прави врз онсова на возраста, актуелниот договор, позицијата како и лигата во која настапува фудбалерот.

Санчо дебитираше за Англија во октомври, во Борусија Дортмунд отиде во 2017 за околу 10 милиони фунти. Во септември вредноста му беше проценета на 8.770.000 милиони фунти. За Борусија сезонава има 21 настап, постигна шест гола.

 

 

Се вчитува...