Џејми Карагер емотивно се збогуваше со Мане: Секогаш скромен и никогаш повреден, ти благодарам Садио!

Џејми Карагер со емотивна изјава се прости од напаѓачот на Ливерпул, Садио Мане. Легендарниот играч на „црвените“ не штедеше комплименти, па упати огромна благодарност за досегашнит придонес во тимот.

Мане со „црвените“ ја освои Премиерлигата, ЛШ, Лига купот во Англија, Суперкупот во Европа и Светско клупско првенство.

„Мојот омилен играч во Ливерпул од оваа ера, Садио Мане, го напушта клубот. Играч со мали барања, а со најпрофесионален став, никогаш повреден. Многу трофеи и голови, вистинска легенда на Ливерпул. Ти благодарам Садио“, порача Карагер на својот Твитер профил.

Според пишувањата на англиските медиуми, Баерн Минхен за Сенегалецот ќе издвои 32 милиони евра, а ќе можат да заработат уште дополнителни 9 доколку ги исполни сите бонуси во договорот.

Се вчитува...