Џејмс и Дејвис го пропуштаат дуелот со Клиперс

Ѕвездите на Лејкерс, Леброн Џејмс и Ентони Дејвис ќе добијат подолг одмор оваа претсезона и нема да настапат на дел од претсезонските дуели кои започнуваат во петок, а меѓу нив е и дуелот против градскиот ривал, Клиперс.

Стравот од повреди поради недоволниот одмор е главната причина за оваа одлука, и покрај желбата на играчите за натпреварување.

„Не сакаме да брзаме. За жал видовме како започна фудбалот без претсезона и повредите кои се случија, ние не го сакаме тоа. Затоа ќе одиме чекор по чекор. Имавме само три дена во претсезонскиот камп со мало време за рехабилитација“ – изјави за медиумите тренерот на Лејкерс.

Се вчитува...