Џејмс Милнер останува верен на Ливерпул

Џејмс Милнер останува верен на Ливерпул и во следната сезона. Англичанецот кој е дел од „црвените“ од 2015 година прифатил намалување на платата за продолжување на соработката, по што денеска и официјално потпиша нов едногодишен договор со европскиот и англискиот вицешампион.

Неговиот договор истекуваше на 30. јуни, а и покрај побогатите понуди од клубови од Премиерлигата и МЛС по разговорот со Клоп се одлучил да остане во тимот за кој оваа сезона забележа 39 настапи. Тој е дел од тимот на Ливерпул уште од 2015 година, кога пристигна на „Енфилд“ како слободен играч по истекот на договорот со Манчестер Сити.

Сега 36-годишникот дебитираше во Премиерлигата пред 20 години во дресот на Лидс, а потоа настапуваше и за Астон Вила, Њукалс и Манчестер Сити.

Се вчитува...