Џејмс Милнер се закити со орден

Искусниот играч за врска на Ливерпул, Џејмс Милнер е одликуван со Орден на Британската империја (МБЕ). Признанието се должи на неговите заслуги во фудбалот и добротворната работа што ја направи во текот на годините.

Англичанецот формираше посебен фонд за поддршка на здравите навики на младите во неговата земја. 36-годишниот играч има 588 настапи во Премиерлигата и 61 настап за репрезентацијата на Англија.

Кариерата ја започна во Лидс Јунајтед. Има играно и за Манчестер Сити, Њукасл, Астон Вила и Свиндон. Милнер е дел од семејството на Ливерпул од 2015 година.

Се вчитува...