Џејмс Нанали се врати во Фенербахче

Џејмс Нанали се врати во редовите на турскиот кошаркарски клуб Фенербахче. Нанали боите на истанбулскиот клуб ги бранеше во периодот од 2016 до 2018 година.

Од Фенер тој отиде во НБА лигата каде играше за Минесота и за Хјустон, но не доби голема минутажа, поради што се врати во Евролигата, во миланска Олимпија. Потоа следеше трансфер во кинескиот шампионат каде краток период помина во редовите на Шангај Шаркс.

Тој одлучи да потпише нов договор со клубот со кој своевремено го освои елитното европско натпреварување. Договорот што го потпиша искусниот кошаркар е со траење до крајот на сезоната.

Се вчитува...