Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс, не сака да ги покани други луѓе да се вакцинираат против коронавирусот, иако неговото семејство и тој се одлучиле на тој потег.
Вакцинирањето на кошаркарите на НБА е се почеста тема, бидејќи се ближи почетокот на сезоната во најсилната лига во светот. Според информациите, 90 проценти од играчите ја примиле вакцината досега, но меѓу нив нема големи ѕвезди како Кајри Ирвинг и Бредли Бил.
„Можам да зборувам само за себе. Секој има право да го прави она што мисли дека е соодветно за него и за неговото семејство. Бев скептичен, но по истражувањето, сфатив дека е најдобро за мене и за мојата фамилија да ја примиме вакцината“, изјави Џејмс.
Веројатно највлијателниот играч во НБА, сепак, не сака да го искористи својот статус и да ги покани другите да го следат неговиот пример.
„Тука зборуваме за телото на поединецот. Не се работи за политика, расизам или полициска бруталност. Се работи за благосостојбата на луѓето и мислам дека не треба да се мешам. Знам што направив и што направија моите пријатели, но не сакам да повикувам никого да го стори истото“, рече Леброн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА