Џеко е блиску до потпис со Јувентус

Един Џеко е изборот на Андреа Пирло за нов голгетер на Јувентус, а се очекува трансферот на капитенот на Рома да биде комплетиран до крајот на месецот. „Старата дама“ долго време преговараше со Наполи за Аркадиуш Милик, за на крајот да ги прекине разговорите одбивајќи да плати 50 милиони евра за голгетерот што има само уште една година од актуелниот договор. Се шпекулираше и со името на Бензема, но тој обид беше осуден на пропаст поради фактот дека Реал не ни помислува да го продаде својот најдобар напаѓач, па како најдобра опција сега се појави Џеко.

Голгетерот од БиХ е решен да си замине од Рома желен пред крајот на кариерата да освои уште некој трофеј, а новата управа на римскиот клуб нема намера сосила да го чува незадоволниот фудбалер. Тој сака да остане во Италија, трансфер во Интер веќе не е опција, па самиот Џеко дал зелено светло да се финишираат преговорите за преселба во Италија.

Со оглед на фактот дека има 34 години, тој ќе биде евтина опција за Јувентус, се очекува трансферот да не биде повисок од 12 милиони евра, а и платата ќе биде далеку под оние 7,5 милиони евра што моментно ги зема Гонзало Игуаин, кој летово сигурно ќе си замине од клубот.

Се вчитува...