Џеко и Шик не мора да се венчаат, треба само да играат заедно

Рома синоќа многу потешко од очекувањата го совлада Калјари, прв натпревар на кој тренерот Ди Франческо на располагање ги имаше Един Џеко и Патрик Шик. Победничкиот гол беше постигнат дури откако Шик го напушти теренот, а Ди Франческо по натпреварот истакна дека очекува повеќе од своите двајца напаѓачи, чија соработка би можела да стане сериозен проблем за „римската волчица“.

Тоа е ново партнерство што би требало да функционира се подобро на секој следен натпревар. Јас не барам од нив да се сакаат или да се венчаат, треба само да играат добро заедно. Целта е да играме офанзивен фудбал, со тројца напаѓачи, но очигледно е дека Шик не е во најдобра форма, ниту пак во целост разбира што точно барам од него. Тој долго време беше повреден, очекуваме наскоро да влезе во посакуваниот ритам“ – изјави Ди Франческо.

Се вчитува...