Џеко поради сопругата ги одбил Јувентус и Интер

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина Един Џеко најверојатно и следната сезона ќе го носи дресот на Рома, пренесуваат италијанските медиуми. Медиумите тврдат дека Џеко ги одбил понудите од Јувентус и Интер поради неговата сопруга Амра на која и се допаѓа животот во главниот град на Италија.

„За сега Џеко останува во Рома. Не е тајна дека има понуди од Јувенту и Интер“, неодамна изјави менаџерот на фудбалерот. 

Џеко на „Олимпико“ стигна во 2015 година, а во меѓувреме стана и капитен на тимот. За „волчицата“ одигра 222 натпревари на кои постигна 106 гола.

Се вчитува...